
Пари Сен Жермен доживеа убедлив пораз (4-1) на гостувањето кај Њукасл во второто коло од Лигата на шампионите. Многумина го обвинуваат тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, и неговата одлука да стартува со дури четворица напаѓачи во првиот тим, Килијан Мбапе, Осман Дембеле, Гонсало Рамош и Рандал Коло Муани.
„Дрскоста да дојде на „Сент Џејмс Парк“ со четворица напаѓачи и двајца играчи од средниот ред во тимот не даде ефект. Најизненадувачки е што тој не промени ништо во првичните планови и покрај огромните тешкотии на тимот на средината на теренот“, пишува „Л’Екип“.
На критиките на Енрике се придружи и „Ле Паризиен“, кој го нарече Шпанецот „главен виновник за фијаското“.
„ПСЖ не направи ништо, не постигна ништо, а страдаше во текот на целиот натпревар“, коментира овој медиум.
„Јас сум тренерот, јас одлучувам и јас сум на крајот одговорен за резултатот. Не заслуживме да загубиме толку. Нашата цел е да се пласираме во осминафиналето, групата е тешка, свесни сме тоа, но сепак сме втори“, изјави Енрике по натпреварот.
„Последните натпревари ќе бидат интересни. Системот? Мислев дека е најдобро за овој тим и сѐ уште мислам така. Резултатот е неправеден, но таков е фудбалот. Честитки за Њукасл, но резултатот е нереално висок”.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
