
Фудбалската репрезентација на Србија на чудесен начин успеа да ја совлада Португалија со 1-2 во Лисабон и обезбеди директен пласман на Светското првенство. Александар Митровиќ е херојот на нашиот северен сосед откако постигна победнички гол во 90.минута од натпреварот.

Португалците поведоа рано со голот на Ренато Санчес во втората минута, а израмни Душан Тадиќ во 33.минута. На Србите им беше потребна победа па во финишот тргнаа на се или ништо и успеаја да ја остварат целта.
Шпанија исто така патува на мундијалот во Катар, откако ја совлада Шведска со 1-0, со голот на Алваро Мората во 86.минута од мечот.
Португалија и Шведска ќе бидат дел од баражот за СП, каде успеа да се пласира и Македонија.
Грција и Косово одиграа 1-1, а Р. Ирска славеше на гости против Луксембург со 0-3.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
