Connect with us

Луда победа: Вилјареал после 22 пенали го освои пехарот во Лигата на Европа (ВИДЕО)

Вилјареал е освојувач на Лигата на Европа откако после 22 неверојатни пенали успеа да го совлада Манчестер Јунајтед со 11-10 во финалната битка во Гдањск. По исцрпувачка битка во текот на 120 минути немаше победник, остана резултатот 1-1 од регуларниот период, а потоа максимална прецизност по петте серии пенали. Драмата продолжи, немаше грешка верувале или не до единаесеттата серија, се изредија сите можни фудбалери и шутираа голманите. Херонимо Рули погоди за Вилјареал, а потоа го одбрани шутот на Давид Де Хеа.

Во регуларниот тек од натпреварот Манчестер Јунајтед беше подобар тим, беше поактивен кон противничкиот гол, но Вилјареал поведе со голот на Жерар Морено во 29.минута. По прекин на игра и нафрлувањето на Дани Парехо, најдобро се снајде Морено и успеа да го совлада Де Хеа.

Манчестер Јунајтед израмни во 55.минута. Единсон Кавани беше снаодлив во противничкиот шеснаесетник, топката се одби по шутот на Мектоминај, а Уругваецот успеа да ја испрати во мрежата. Сепак, по неверојатна битка Викјареал и специјалистот Унаи Емери го освоија трофејот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови