Connect with us

ЛШ: Сити и Интер во полуфиналето, Баерн и Бенфика се простија со реми (ВИДЕО)

Манчестер Сити се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите каде ќе го предизвика актуелниот шампион Реал Мадрид. „Граѓаните“ одиграа 1-1 на реваншот на „Алијанц арена“ против Баерн Минхен, а ја сочуваа големата позитива (0-3) од првиот меч на „Итихад“.

Ерлинг Халанд во 38.минута не успеа да реализира пенал, но во 57.минута сепак донесе водство за Манчестер Сити. Баерн стигна до израмнување во 83.минута, со голот од пенал на Џошуа Кимих.

Интер и Бенфика во Милано одиграа 3-3, но „нераѕурите“ имаа два гола предност од првиот меч во Лисабон.

Николо Барела донесе предност за Интер, а израмни Фредрик Аурснес во 38.минута.

Лаутаро Мартинез и Хоакин Кореа го решија патникот во следната рунда откако зголеми на 3-1 за Интер, но Бенфика не се предаде до крајот и успеа да стигне до реми. Антонио Силва во 86.минута и Петар Муса во 93. минута погодија за конечно реми, 3-3.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови