Connect with us

ЛШ: Клуб Бриж доби подарок-пенал и славеше против Аталанта (ВИДЕО)

Клуб Бриж приреди изненадување со победа од 2-1 против Аталанта во првиот меч од плејофот во Лигата на шампионите. Белгискиот тим до триумфот дојде во драматичен финиш, откако во 93-та минута беше досуден контроверзен пенал, кој успешно го реализираше Густав Нилсон.

Феран Џутгла го отвори резултатот за Клуб Бриж во 15-та минута, но Марио Пашалиќ израмни за Аталанта во 41-та.

Оваа победа е историска за белгискиот клуб, бидејќи е нивна прва против италијански тим по пауза од 22 години. Реваншот во Бергамо ќе биде решавачки за пласманот во следната фаза и се очекува нов возбудлив дуел.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови