Connect with us

ЛШ: Имобиле го реши Селтик, Шахтјор подобар од Антверпен (ВИДЕО)

Лацио направи голем чекор напред кон нокаут фазата во Лигата на шампионите откако го совлада Селтик на „Олимпико“ со 2-0. Сега римјаните имаат 10 бода, пред Атлетико Мадрид со 8 и Феенорд со 6, кои вечерва играат во меѓусебен дуел. Селтик со еден бод веќе е вон конкуренција.

Чиро Имобиле беше двоен стрелец на овој натпревар. Тој влезе во игра во второто полувреме и во финишот ја покажа својата класа. Погоди во 82. и во 85.минута за триумф од 2-0.

Шахтјор Доњецк го победи Антверпен со 1-0. Украинскиот тим сега се израмни на табелата со Барселона и со Порто со по 9 бода. Шпанскиот и португалскиот тим вечерва играат во меѓусебен дуел.

Стрелец на победничкиот гол за Шахтјор беше Микола Матвиенко во 12.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови