Челси е вториот финалист во Лигата на шампионите откако го елиминира Реал Мадрид со триумф од 2-0 на „Стемфорд бриџ“. Тимот на Томас Тухел закажа големо финале со Манчестер Сити во Истанбул на 29 мај, а германскиот стратег втора година по ред со друг тим ќе биде дел од финалната пресметка.
Тимо Вернер во 28.минута успеа да ја затресе мрежата на Тибо Куртоа откако се најде осамен на еден метар пласирајќи ја топката со удар со глава, откако Каи Хаверц се обиде да лобува и да ја погоди гредата.
Карим Бензема претходно имаше можност да го донесе Реал Мадрид во водство, но голманот на Челси, Едуард Менди, двапати одлично одбрани.
Во второто полувреме, Челси беше апсолутно надмоќен. Хаверц ја погоди гредата со удар со глава, потоа имаше и уште една феноменална шанса, а Валверде во последен момент го блокираше Канте да погоди за 2-0. Мејсон Маунт исто така имаше стопроцентна шанса но шутираше над голот, а во 85.минута по проигрувањето од Кристијан Пулишиќ успеа да го потврди триумфот на Челси.
Ќе има англиско финале во Лигата на шампионите, Манчестер Сити против Челси на 29 мај во Истанбул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













