Connect with us

ЛШ: Баерн е пресилен за оваа Барса, Челси тргна со „минималец“ (ВИДЕО)

Германскиот првак Баерн Минхен супериорно триумфираше на „Камп Ноу“ против Барселона со 0-3. Роберт Левандовски постигна два гола, а првиот беше дело на Томас Милер во 33.минута, чиј шут го изненади Тер Штеген откако топката удри во еден од неговите дефанзивци. Во немоќ, Роналд Куман потоа им укажа шанса на дел од младите сили на Барса.

Европскиот првак Челси тргна со минимален триумф на „Стемфорд бриџ“ против Зенит, славеше со 1-0. Ромелу Лукаку во 69.минута ја погоди мрежата на рускиот тим.

Јувентус можеби лошо стартуваше во Серија А, но за тоа плати Малме во Лигата на шампионите (0-3). Алекс Сандро во 23.минута го отвори резултатот, Пауло Дибала во 45.минута од пенал зголеми на 0-2, а веднаш по него стрелаше и Алваро Мората, пред самиот крај на првото полувреме.

Динамо Киев и Бенфика ремизираа без голови. Микола Шапаренко во финишот постигна гол за домаќинот, но по прегледувањето на ВАР – снимката не беше признат поради офсајд позиција.

Вилјареал и Аталанта одиграа 2-2. Фројлер ги доведе гостите во водство во шестата минута, но израмни Тригерос. Во вториот дел, Танхума се погрижи за пресврт, но Госенс не дозволи Аталанта да загуби.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови