Connect with us

ЛШ: Алисон го спасуваше Ливерпул кој на крајот и победи во Париз, Баерн беше убедлив, а Барса економична (ВИДЕО)

Фудбалот некогаш е неправедна игра, затоа пто не победува секогаш подобриот, туку оној што ќе успее да ги искористи шансите, па дури и ако биле минимални. Ливерпул беше комплетно надигран од ПСЖ кој имаше дури 30 удари кон голот на Алисон Бекер, но не успеа да постигне гол благодарејќи на феноменалните одбрани на бразилскиот голман. Кога тоа не му успеа на ПСЖ, Харви Елиот неполна минута откако го замени Мохамед Салах, успеа да реализира од противнапад и му донесе триумф на Ливерпул од 0-1 во Париз.

Баерн Минхен беше убедлив на дуелот против Баер Леверкузен и победи со 3-0. Хари Кејн го отвори резултатот, Џамал Мусијала зголеми на 2-0 во 55.минута, а потоа повторно погоди Кејн од пенал во 75.минута.

Барселона беше економична и извлече максимум на гостувањето во Лисабон против Бенфика победувајќи со 0-1. Каталонскиот тим од 22.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Пау Кубарси, но Рафиња во 61.минута постигна погодок за победа на Барса.

Реваншите се играат за шест дена на теренот на вечерашните гостински тимови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови