Ајакс двапати водеше во првиот натпревар против Бенфика во осминафиналето на Лигата на шампионите, но Португалците успеаја да возвратат и натпреварот заврши 2-2. Двата тима вечерва на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам ќе одредат кој ќе патува во четвртфиналето на елитното европско клупско натпреварување. Домаќините се фаворити, но сигурно нема да им биде лесно да ја реализираат целта против лисабонските „орли“.
Ајакс не беше убедлив во последните неколку натпревари, но забележа две драматични победи од 3-2 против Валвијк и Камбур во Ередивизие. Гигантот од Амстердам води на табвелата во Холандија со два бода предност пред ПСВ Ајндховен, но сега сите мисли им се насочени кон Лигата на шампионите.
Тренерот Ерик Тен Хаг се надева дека Себастијан Але ќе продолжи да постигнува голови со леснотија со која го прави тоа во текот на целата сезона. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска исто така постигна гол на „Луж“, иако на тој натпревар си постигна и автогол. Ентони, Стивен Бергхуис и Душан Тадиќ се другите офанзивни оружја на Ајакс, а во средниот ред играат Рајан Гравенберх и Дејви Класен.
Бенфика е надвор од битката за титулата во португалската лига. Уште еден погрешен чекор направи дома Визела играјќи 1-1. На овој натпревар избраниците на Николас Верисимо одиграа повеќе од 80 минути со човек помалку по црвениот картон на Адел Тарабт. Бенфика ретко умее да ја сочува мрежата мирна во текот на сезоната, а против Ајакс ќе биде уште потешко.
Португалскиот тим не успеал да обезбеди пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите од 2016 година. Загрижува уште еден факт – тимот има само една победа на последните 14 гостувања во ова натпреварување. Харис Сеферовиќ е повреден, а Дарвин Нуњез ќе го предводи нападот.
Ајакс е во серија од седум последовни домашни победи во сите натпреварувања. Покрај тоа, тимот од Амстердам нема пораз на последните седум натпревари против Бенфика од 1969 година.
Во 2018 година, двата тима беа ривали во групната фаза од Лигата на шампионите, играјќи 1-1 во Лисабон, а потоа Ајакс победи со 1-0 дома, со голот на Нусар Мазрауи во судиското продолжение.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













