Connect with us

Лорен Блан се враќа на тренерскиот занает во Катар

Лоран Блан се враќа на тренерската работа по повеќе од четири години пауза. 55 – годишниот стратег се договори со катарскиот клуб Ал-Рајан и ќе го наследи Диего Агире.

Блан се споменуваше и како кандидат за клупата на ПСЖ, имаше и неколку други понуди од Франција и од Турција, но не можеше да ја одбие милионска понуда од Катар.

Тој од 2007 до 2010 година го водеше Бордо, потоа две години беше селектор на репрезентацијата на Франција, а од 2013 до 2016 година со ПСЖ освои три шампионски титули.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови