По заминувањето на Трент Александер-Арнолд, Ливерпул веќе има идентификувано потенцијален наследник на позицијата десен бек. Според информациите на „Скај Спорт Германија“, клубот од „Енфилд“ е во напредни преговори за ангажман на Џереми Фримпонг, дефанзивецот на Баер Леверкузен.
24-годишниот Холанѓанец е еден од клучните кандидати кои Ливерпул ги разгледува за засилување на десната страна од одбраната. Во изминатите две сезони, Фримпонг се истакна како еден од најперспективните бекови во Европа под водство на Чаби Алонсо, благодарение на неговата брзина, технички способности и силен офанзивен придонес.
Фримпонг има откупна клаузула меѓу 35 и 40 милиони евра, што го прави достапен за трансфер во летниот преоден рок – ситуација која им одговара и на Ливерпул и на самиот играч, кој сака да направи чекор напред во својата кариера, настапувајќи во една од најсилните европски лиги.
Фримпонг е поранешен играч на Манчестер Сити, каде што не доби шанса во првиот тим. Во 2019 година се пресели во Селтик, каде што настапуваше една и пол сезона, пред да се приклучи на Баер Леверкузен. За германскиот клуб има одиграно 190 натпревари, при што постигна 30 голови и 39 асистенции. Тој беше една од клучните фигури во историската сезона 2023/24, кога Баер Леверкузен ја освои титулата во Бундеслигата и Купот на Германија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Левандовски на зима ја напушта Барселона?
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













