
Ливерпул подготвува рекордна понуда за напаѓачот на Њукасл, Александер Исак. Според англиските медиуми, клубот од „Енфилд“ е подготвен да плати фиксна сума од 120 милиони фунти (над 138 милиони евра), со дополнителни бонуси.
Доколку трансферот се реализира, тоа ќе биде најскапото засилување во историјата на Ливерпул и на англискиот фудбал, а воедно и трет највисок износ платен за фудбалер воопшто – поголеми трансфери досега направи само ПСЖ, за Нејмар (222 милиони евра) и Килијан Мбапе (180 милиони евра).
Исак веќе го известил раководството на Њукасл дека сака да го напушти клубот и не отпатува со тимот на претсезонската турнеја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal
