Ливерпул ги интензивира напорите за доведување на централниот дефанзивец на Кристал Палас и англиски репрезентативец Марк Гехи.
Капитенот на Палас има уште една година од договорот, но според изјавата на претседателот на клубот, Стив Париш, дадена оваа недела, можно е да биде продаден уште летово за да се избегне негово заминување како слободен играч за 12 месеци.
Според информациите на „Би-Би-Си“, „црвените“ веќе одржале првични разговори за трансферот на 25-годишниот дефанзивец пред затворањето на летниот преоден рок.
Паралелно со тоа, Ливерпул преговара и за 18-годишниот италијански дефанзивец на Парма, Џовани Леони, кој се гледа како долгорочна инвестиција, а не како директен конкурент на Гехи за место во стартниот состав.
Минатото лето Њукасл понуди до 65 милиони фунти за Гехи, но понудата беше одбиена. Сега освојувачот на ФА Купот бара околу 40 милиони фунти, додека Ливерпул настојува да плати помала сума.
Досега „црвените“ потрошија приближно 270 милиони фунти за нови засилувања, но успеаја да вратат околу 170 милиони од продажби. Тие исто така доставија понуда од 110 милиони фунти за Александар Исак, која беше одбиена од Њукасл, иако шведскиот напаѓач останува решен да се пресели на „Енфилд“.
Доколку Ливерпул успее да ги донесе и Гехи и Исак, нивните летни трошоци ќе надминат 400 милиони фунти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













