
Мохамед Салах (32) е најголемата ѕвезда на Ливерпул во последните седум години. Одличниот Египќанец одигра 358 натпревари, постигна 217 голови и забележа 94 асистенции, а со англискиот клуб освои осум трофеи. Неговата ера би можела да заврши на крајот од оваа сезона, односно летото 2025 година, кога му истекува договорот.
Тој на почетокот на септември најави дека би можел да замине во јуни следната година.
Ливерпул, кој со години го водеше Јирген Клоп, а сега нов тренер е Арне Слот, би можел да започне потрага по замена за Салах. Според „Билд“, Карим Адејеми (22) е потенцијален наследник на Салах, а скаутите на англискиот клуб наводно повеќепати го следеле во Бундес-лигата.
„Ливерпул сака да го ангажира Адејеми како наследник на суперѕвездата Мохамед Салах. Договорот на Египќанецот истекува следното лето и сите знаци упатуваат на разделба“, пишува германскиот медиум.
Салцбург го купи како 16-годишник за 10 милиони евра, а Борусија Дортмунд плати 30 милиони евра за него.
Адејеми е крилен напаѓач на Борусија Дортмунд и германски У-21 репрезентативец.
Борусија во летото 2022 година за него исплати обештетување од 30 милиони евра. Откако дојде во Дортмунд, одигра 74 натпревари, постигна 19 гола и забележа 13 асистенции. Одлично ја започна и актуелната сезона, во која на осум настапи постигна пет гола и исто толку асистенции. Воодушеви со хет-трикот против Селтик (7-1) во Лигата на шампионите, по што се повреди.
Договорот на Карим Адејеми со Борусија Дортмунд важи до летото 2027 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
