Connect with us

Ливерпул би ги продал Мане и Салах за да го купи Мбапе?

Ерлинг Халанд не е веќе тема, со оглед дека неговиот трансфер од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити е потврден. Но, затоа, експлозија околу Килијан Мбапе. Трет клуб се вклучува во трката за него.


Пари Сен Жермен сака да го задржи Килијан Мбапе уште две години, но тој сака трансфер во Реал Мадрид. Сепак, „Л’Екип“ најавува дека Ливерпул ќе се вмеша сериозно сакајќи да му одговори на Манчестер Сити за трансферот на Халанд.

Англискиот премиерлигаш планира ова лето да ги продаде Садио Мане во Баерн Минхен и Мохамед Салах во ПСЖ за да обезбеди пари за трансфер на Килијан Мбапе на „Енфилд Роуд“. На Јирген Клоп му било ветено дека ќе добие нова голема ѕвезда при потписот на новиот договор, а тоа би можел да биде Мбапе.

Сепак, и понатаму Реал Мадрид е главен фаворит за потписот на француската мегаѕвезда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови