Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Лирој Сане, верува дека е на добар пат да се врати на теренот, откако минатата сезона се бореше со повреда на препоните и му беше потребна операција во текот на настапот на ЕП 2024, јави ДПА.
„Се чувствувам добро, така што сѐ оди според планот. Можев да учествувам на тренинзите на тимот, немав проблеми и се надевам дека работите ќе продолжат вака“, изјави Сане за клупскиот сајт.
Сепак, тој не сака премногу да брза со неговото враќање.
„Се договоривме дека ќе одвојам време додека се не биде совршено. На добар пат сме“, додаде играчот.
Сане веќе работи со новиот тренер Винсен Компани, кој на лето го замени Томас Тухел. Но, тие двајца се познаваат бидејќи играа заедно во Манчестер Сити.
„Бев многу среќен што повторно се сретнавме. Тој е одлична личност. Се восхитувам колку добро го води тренажниот процес. Компани има голема харизма”, смета Сане.
Следниот првенствен натпревар на Баерн Минхен по репрезентативната пауза ќе го има против Холштајн Кил на 14 септември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Интернационалци
Прв гол за Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот
Евро-фудбал
Постекоглу се враќа во Селтик?













