Поранешниот англиски репрезентативец Џеси Лингард е на прагот да го напушти „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок. Тој речиси и да не добива минутажа од Оле Гунар Солсклјер во тимот на Манчестер Јунајтед и размислува за заминување. Лингард се надева дека со добри игри во новиот клуб ќе успее да обезбеди место во составот на Англија за Европското првенство.
Шефилд Јунајтед е најзаграен за услугите на Лингард и речиси се е договорено за тој да замине на позајмица до крајот на сезоната. По завршување на шампионатот ќе заврши и актуелниот договор на Лингард со Манчестер Јунајтед. Тој оваа сезона нема ниеден настап за „црвените ѓаволи“ во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи













