Хрватскиот првак Динамо Загреб ја совлада Севилја со 1-0 на „Максимир“, но тоа не беше доволно за да се пласира во следната рунда во Лигата на Европа, со оглед дека шпанскиот тим имаше залиха од 3-1 од првиот меч во Андалузија. Мислав Оршиќ од пенал погоди за „модрите“ во 65.минута, Стефан Ристовски играше до 61.минута, а Аријан Адеми не можеше да настапи поради повреда. Севилја во последните мигови остана и со играч помалку поради исклучувањето на Томас Дилејни, но, сепак, помина во следното коло од ова натпреварување.
Порто ремизираше против Лацио (2-2) во Рим, но славеше на првиот меч. Чиро Имобиле во 19.минута го оптвори резултатот, но израмни Мехди Тареми од пенал во 31.минута, а Матеус Урибе се погрижи за пресврт. Сепак, Данило Каталди донесе израмнување во судиското продолжение.
Во следната рунда е и Аталанта која славеше со 0-3 на гости против Олимпијакос. Италијанскиот тим имаше предност и од првиот меч. Двоен стрелец беше Руслан Малиновски, а серијата голови ја отвори Јоаким Маеле.
Лајпциг со 1-3 го победи Реал Сосиедад на гости и оди понатаму, откако првиот меч заврши 2-2. Вили Орбан, Андре Силва и Емил Форсберг погодија за Лајпциг на овој дуел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













