
Англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед потврди дека Џеси Марш ќе биде новиот менаџер на тимот. Клубот објави дека Американецот потпишал договор до јуни 2025 година и дека ќе дебитира в сабота против Лестер.
48-годишниот стручњак ги водеше ДЦ Јунајтед, Чикаго, Чивас и Њујорк Ред Бул во МЛС – лигата, а потоа пристигна во Европа и го презеде Салцбург во летото 2019 година.
По импресивните две сезони, Марш доби понуда од бундеслигашот Лајпциг, но тој остана на клупата на германскиот клуб од јули до декември 2021 година.
Пред него е тешка работа во Лидс Јунајтед, со оглед дека на клубот му претстои жестока борба за опстанок по четирите последовни порази. Лидс со 23 бода се наоѓа на 16. место на табелата, Евертон има 22, Барнли 21, но тие тимови имаат два натпревари помалку од Лидс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј сака да го врати Нејмар во Европа
