Connect with us

Левски сака да се раздели со Зајков

Ѓоко Зајков веќе не е во плановите на бугарскиот Левски. Клубот му порачал дека може да си бара нова средина тврди бугарскиот Блиц.

Наводно, на Зајков разговарал со тренерот Станимир Стоилов за време на подготвките во Труција и конечниот исход од средбата е дека македонскиот интернационалец може да си оди веднаш. Би можело Зајков да го напушти хотелот и веднаш да почне да бара нов клуб.

Според бугарските медиуми, разделбата со Зајков е изненадување со оглед дека беше солиден стартер во есенскиот дел од сезоната.

Планот на Зајков беше да остане во Левски до лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови