Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, не го криеше своето разочарување по поразот од 1-2 против Атлетико Мадрид. Каталонците водеа по првото полувреме, но дозволија пресврт, при што победничкиот гол за гостите беше постигнат во судиското продолжение на натпреварот.
Левандовски изјави дека сите во тимот се многу разочарани поради наивно загубените бодови.
„Мислам дека неколку фактори придонесоа за поразот. Освен нашите грешки, Атлетико нѐ казни со контранапади. Знаеме дека можеме да играме добар фудбал. Имавме шанси, но не ги искористивме. Во последните три недели ни недостигаа самодоверба и смиреност во клучните моменти“, изјави Левандовски.
„Оваа полусезона ни беше добра лекција. Понекогаш, ако не можеш да победиш, најмалку што можеш да направиш е да не загубиш. Нам тоа ни се случи неколкупати од почетокот на сезоната. Сигурен сум дека во новата година ќе се вратиме посилни и ќе играме подобар фудбал.“
„Мислам дека сите во тимот се бесни, бидејќи во првото полувреме игравме одлично. Бевме фантастични. Можам да кажам дека и во второто полувреме бевме добри, но нашите грешки му дозволија на Атлетико да создаде шанси и да постигне голови“, истакна полскиот ветеран.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













