Connect with us

Левандовски ниту ќе си оди од Барса, ниту ќе ја заврши кариерата

Во последните денови се создаде голема врева околу иднината на еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Роберт Левандовски. Се појавија шпекулации дека Полјакот можеби нема да остане во Барселона до зимата и дека разгледува можност за трансфер на Блискиот Исток – во Саудиска Арабија.

Се шпекулираше и дека Каталонците нема да му го продолжат договорот и дека следното лето би се обиделе да доведат напаѓач од Баерн, Хари Кејн, додека поранешниот играч на Борусија Дортмунд планирал да ја заврши кариерата.

Сепак, брз демант стави крај на многу гласини. Менаџерот на Левандовски, Пини Захави, истакна дека Роберт се чувствува одлично во Барселона и нема планови за заминување во јануари.

„Сè што се пишуваше за можно заминување на Левандовски во зимскиот трансфер-период е неточно. Одлично му е во Барселона и нема намера да си оди среде сезона“, јасно нагласи Захави.

Тој ги отфрли и шпекулациите за завршување на кариерата летово.

„Роберт во овој момент не размислува за својата иднина. Целосно е концентриран на Барселона и како да ѝ помогне на екипата да освојува трофеи. Опцијата за завршување на кариерата не е на маса“, додаде Захави.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови