Connect with us

Левандовски на зима ја напушта Барселона?

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски (37) изјави дека не брза со продолжување на договорот со Барселона, кој истекува во јуни 2026 година. По таа изјава, не требаше многу време за да се појават шпекулации за неговата иднина. Според шпанските медиуми, два клуба веќе се издвојуваат како можни нови дестинации, турскиот гигант Фенербахче и италијанскиот калчолигаш Милан.


Според информациите, турскиот гигант засега индиректно се распрашува за условите под кои Левандовски би можел да пристигне во Истанбул. Наводно, клубот размислува да го продаде Јусеф Ен-Несири, кој сонува за трансфер во Саудиска Арабија, за да ослободи место и финансиски средства.

Извори блиски до клубот тврдат дека Фенербахче би можел да му понуди договор на една и пол година, кој би започнал уште овој јануари и би траел до јуни 2027 година. Засега не се преземени официјални чекори, со цел да не се наруши атмосферата во тимот кој 28 пати бил шампион на Турција.

Од друга страна, „Скај Спорт“ пренесува дека Милан покажува интерес за Левандовски. Италијанскиот клуб размислува за него како засилување за следната сезона, кога би можел да пристигне како слободен играч по истекот на договорот со Барселона.

Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, наскоро треба да се сретне со агентот на полскиот напаѓач, Пини Захави, за да разговараат за можните финансиски услови на договорот.

Левандовски минатата сезона постигна 42 гола на 52 натпревари, а во кариерата има повеќе од 700 погодоци, играјќи за полската репрезентација (87 гола), Баерн (344), Борусија Дортмунд (103), Барселона (105)… Во девет натпревари оваа сезона во шампионатот, тој веќе има постигнато седум голови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови