Ханси Флик би можел да се соочи со големи проблеми во претстојната сезона доколку остане без еден од најважните фудбалери во тимот.
Ѕвездата на Барселона, Роберт Левандовски, би можел да направи голем трансфер и да го напушти клубот ова лето, откако доби понуда вредна 50 милиони евра годишно.
Левандовски на почетокот на овој месец наполни 37 години и има договор со Барселона до следното лето. Во тимот пристигна од Баерн Минхен во 2022 година.
Иако има 37 години, Полјакот минатата сезона играше одлично за Барселона, постигнувајќи 42 гола на 52 натпревари во сите конкуренции. Се очекуваше и оваа сезона да го предводи нападот на тимот, а и самиот тој во јуни за „Билд“ изјави:
„Тоа не е проблем за мене, останувам и следната сезона. Во моментов моите мисли се насочени само кон Барселона. Нашиот тим ќе биде уште подобар следната сезона. Физички се чувствувам одлично. Телото ми е како да имам 30 години. На крајот од денот, го правам она што срцето и умот ми го кажуваат.“
Сепак, ситуацијата се промени, а иднината на Левандовски во Барселона повеќе не е толку сигурна, поради понуда што му пристигнала од Саудиска Арабија.
Според шпански „Ел Насионал“, тој добил предлог за двегодишен договор вреден 100 милиони евра, плус „одредени дополнителни бенефиции“ и за него и за неговото семејство, доколку потпише.
Името на клубот не е откриено, но јасно е дека Флик е загрижен. Спортскиот директор на Барселона, Деко, сака да ја дознае одлуката на Левандовски што е можно поскоро, за да може да реагира на пазарот доколку има потреба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













