
Олимпик Марсеј ја доби пресметката со АЕК со 3-1 и со 5 бода сега се наоѓа на врвот на табелата во групата Б. Витиња донесе водство за Олимпик Марсеј, а израмни Пинеда во 53.минута. Сепак, гостите останаа со фудбалер помалку во 57.минута, а тоа Марсеј го искористи за триумф со головите на Харит и на Верету, и двата од пенал.
Фортунис и Родинеи беа стрелци за Олимпијакос во триумфот (2-1) над Вест Хем. Англискиот тим успеа само да намали преку Лукас Пакета во финишот.
ТСЦ поведе против Фрајбург со голот на Немања Петровиќ, меѓутоа Винченцо Грифо во второто полувреме постигна хет-трик и обезбеди победа од 1-3 за германскиот тим. Мартин Мирчевски остана на клупата за резерви кај ТСЦ.
Штурм и Аталанта одиграа 2-2, Спарта Прага и Ренџерс завршија без голови, а најефикасен беше Молде, кој со 5-1 славеше против Хакен. Филип Трпчевски поради повреда не беше во составот на Хакен.
Ајозе Перез беше стрелец на победничкиот гол за Бетис на гостувањето кај Арис.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
