
Првенството на Македонија влегува во одлучувачка фаза. Нема веќе место за поправен испит, уште само три кола до крајот. Европските позиции се веќе запоседнати, одамна е јасна и шампионската одлука, но затоа врие во трката за опстанок.
Работнички дојде на само два бода од осмопласираниот Силекс и нема друг избор освен да победи на денешниот меч против Македонија ЃП.
„Дојдовме во опасната зона. Едноставно мора да победиме. Заборавивме да победуваме на домашен терен, време е…Македонија ЃП е квалитетен тим, бодовите исто така им се потребни, но ние сме во ситуација кога немаме друг избор. Само триумф е опција и фудбалерите тоа навистина добро го разбираат. Мораме да реагираме соодветно“, истакна шефот на стручниот штаб на Работнички, Баже Лазаревски.
Но, на „лавовите“ исто така им се потребни бодовите, иако сигурно многу размислуваат и за финалето на Купот.
Шкупи се надева дека може да излезе во Европа преку четвртата позиција, а Беласица победува ли победува, и повторно не знае дали ќе се извлече од бездната. Силекс во Кратово го пречекува Вардар, а бодовите многу повеќе му се потребни на домаќинот.
Ренова во Тетово ќе ги одмери силите со Академија Пандев. Во Кочани, ќе се сретнат идниот второлигаш Победа и стар-новиот шампион Шкендија.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 34.КОЛО (16.30 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР
Тетово: РЕНОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Чаир: ШКУПИ – БЕЛАСИЦА
Кочани: ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
