Италијанскиот шампион Интер постигна договор со аргентинскиот напаѓач Лаутарo Мартинез за нов договор, со што e отстранета и последната дилема во врска со неговиот престој на „Џузепе Меаца“.
Лаутаро беше цел на Тотенхем на почетокот на овој месец. Некои извори, исто така, рекоа дека работата е практично завршена, но останувањето на Хари Кејн влијаеше овој трансфер да пропадне.
Лаутаро Мартинез пристигна во Интер летото 2018 година, а неговиот постоечки договор истекува во 2023 година. Тој треба да остане во Милано до 2026 година.
Во шампионската сезона, тој беше незапирлив тандем со Ромелу Лукаку на патот до освојување на „скудетото“, со што Интер ја прекина долгогодишната доминација на Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)













