Connect with us

Лапорта му порачал на Чави дека веќе работата не му е сигурна

Поразот од Џирона ја прели чашата во Барселона, а раководството на клубот за првпат покажа дека нема доверба во Чави Хернандез. Каталонските медиуми пишуваат дека имало сериозни поделби во односот во соблекувалната, но и меѓу Жоан Лапорта и Чави Хернандез.


Имено, Чави Хернандез вчера го објави списокот на патници за Белгија за гостување во Антверпен, каде ги изостави Илкај Гундоган, Роналд Араухо и Роберт Левандовски на кои им е многу потребен одмор. Но, тогаш се вмеша Лапорта и побара целиот тим да биде заедно, бидејќи планот е да остане во Белгија уште еден ден, за тимот повторно да се доближи и да ја анализира лошата ситуација.

Новинарот Хави Мигел, кој е исклучително близок со Чави, и речиси секогаш пишувал дека управата му дава максимална поддршка на тренерот, сега за првпат пишува дека ситуацијата е поинаква. Тој истакнува дека ова е првпат откако Чави е на клупата Лапорта да врши притисок на тренерската работа и да влијае на повикот на играчите мешајќи се во работата на стручниот штаб.

Членовите на УО на клубот се многу разочарани откако Чави повторно не презеде одговорност по поразот од Џирона, туку јавно кажа дека „Барса е во фаза на изградба и дека падовите се нормални и дека неговиот тим бил подобар“.

Многумина кои го следеа натпреварот не можеа да се сложат со тоа бидејќи Барселона беше инфериорна во однос на Џирона која покажа завидно ниво и тактички целосно го надигра тимот на Чави.

Што се однесува до играчите, извори откриваат дека поединци во соблекувалната се изненадени што медиумите ги напаѓаат само играчите, а не Чави, некои веруваат дека тие подобро ја знаат тактиката од својот тренер и дека тимот оди во погрешна насока. Ова донекаде го навести изјавата на Илкај Гундоган по поразот од Џирона.

„Тие се движеа многу добро, одлично се разбираат на теренот и знаеја каде и кога да трчаат. Џирона одигра одлично“, изјави Гундоган.

Се чини дека потенцијален кикс во наредниот период може да го чини Чави работа на клупата на Барселона. Осминафиналето во Лигата на шампионите е обезбедено, иако групата никогаш не била полесна.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови