Дефанзивецот Ејмерик Лапорте официјално го напушти Манчестер Сити со трансфер во Ал-Наср за околу 30 милиони. евра. Договорот на 29-годишниот играч со новиот клуб е до 2026 година.
Лапорт помина пет и пол години на „Итихад“, откако беше купен од Атлетик Билбао за 65 милиони евра. За „граѓаните“ запиша вкупно 180 натпревари со 12 гола и четири асистенции.
Минатата сезона дефанзивецот ја освои тројната круна со Манчестер Сити, поточно трофеите во Лигата на шампионите, Премиер – лигата и во ФА Купот.
Иако е роден во Франција, тој избра да игра за Шпанија со која има одиграно 22 натпревари и освоено еден трофеј од Лигата на нации.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













