Connect with us

Лајпциг одби 80 милиони евра од Њукасл за Бењамин Шешко

Њукасл претрпе сериозен удар во обидот да го ангажира Бењамин Шешко од Лајпциг, откако нивната понуда од 80 милиони евра (околу 69 милиони фунти) била одбиена од германскиот клуб, пренесува „Атлетик“.

Според истиот извор, понудата на „чавките“ не ги задоволува очекувањата на Лајпциг, кој бара најмалку 75 милиони евра плус бонуси што би ја надминале вкупната вредност на поднесената понуда, како и вклучување на клаузула за процент од идната продажба на младиот словенечки напаѓач.

Во позадина на шпекулациите за евентуално заминување на Александар Исак, Њукасл се обидува да најде адекватна замена, а Шешко е една од најбараните млади ѕвезди во европскиот фудбал. Моментно, главната конкуренција за неговиот потпис доаѓа од Манчестер Јунајтед.

Доколку трансферот се реализира, тоа би била рекордна аквизиција за Њукасл, надминувајќи ја сумата од 63 милиони фунти (70 милиони евра) платени за Исак во 2022 година.

Фактот што Шешко не беше дел од составот на Лајпциг за пријателскиот натпревар против Аталанта се толкува како сигнал дека клубот се подготвува за неговото заминување. Се очекува Њукасл наскоро да се врати со подобрена понуда.

Овој трансфер би можел да има пошироки последици на пазарот – медиумите шпекулираат дека Ливерпул ќе се повлече од интересот за Исак доколку Њукасл не обезбеди соодветна замена, а јасно е дека токму Шешко е играчот во кој клубот ја гледа таа улога.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови