Аргентина го освои светскиот шампионат откако во брилијантното финале во Доха ја совлада Франција со 4-2 на пенали. По 120 минути беше 3-3, а Франција до 80. минута губеше со 2-0. Потоа, Килијан Мбапе го одведе натпреварот во продолженија со два гола, во кои Меси ја врати Аргентина во предност во 108. минута, а Мбапе комплетираше хет-трик од пенал во 118. минута и го одведе мечот во продолженија.
Аргентинците беа многу посмирени при пеналите и ги реализираа сите четири. Мартинез го одбрани ударот на Коман во втората серија, а потоа Чуамени го промаши целиот гол за да ја обезбеди титулата за Аргентина со пеналот на Монтиел во четвртата серија, по што Франција ни теоретски не можеше да се врати.
Сепак, „Л’Екип“ тврди дека воопшто не требало да има пенал и дека голот на Меси за 3-2 требало да биде поништен. Имено, на социјалните мрежи се појави видео од стадионот на кое се гледа дека во моментот пред Меси да ја турне топката покрај Лорис, двајца аргентински резервни фудбалери влегле на теренот и се загревале во близина на аут линијата.
Целата акција ја следеа во еуфорија и влетаа во полето пред топката да ја помине гол-линијата.
„Шимон Марчинијак теоретски требаше да ја прекине играта, односно да го поништи голот. Правилата јасно кажуваат дека голот мора да биде поништен ако тимот има премногу играчи на теренот за време на натпреварот, што беше случај овде. Но, тоа веројатно би било премногу сурова одлука во овој случај“, пишува „Л’Екип“.
Football fans claim Argentina's third goal against France should not have stood. pic.twitter.com/I2Y6bsFh7P
— SPORTbible (@sportbible) December 18, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













