Connect with us

Куртоа и Карвахал заработија повреди

Двајца главни играчи на Реал Мадрид се повредени, пренесува „Марка“. Станува збор за голманот Тибо Куртоа и дефанзивецот Дани Карвахал. Двајцата сигурно ќе ја пропуштат средбата во Копа дел Реј со Касерно на 3 јануари.


За двете повреди се вели дека се полесни и играчите треба релативно брзо да закрепнат. Сепак, тие не учествуваа на последниот тренинг на тимот.

Карло Анчелоти ќе направи доста промени во својот состав за претстојниот натпревар од Купот. Тој сака да ги одмори повеќето играчи кои беа на Мундијалот во Катар. Сепак, Еден Азар се очекува да го почне мечот како стартер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови