Connect with us

Куртоа доби поштеда од репрезентацијата на Белгија

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, утрово неочекувано ја напушти белгиската репрезентација. Тој требаше со националниот тим да одигра четири натпревари во Лигата на нации, но доби поштеда од лекарите откако синоќа ги мина медицинските тестови.


Куртоа откри дека морал да ја напушти репрезентацијата поради пубалгија или воспаление на препоните. Тој трпел големи болки и во текот на целата сезона.

Сепак, бранеше феноменално и е најзаслужен што Реал Мадрид ги освои шпанската и европската титула. Откако во таква состојба одигра 51 натпревар за Реал Мадрид и пет за репрезентацијата на Белгија, најави дека поради болки не може повеќе да го издржи темпото и мора да добие одмор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови