Connect with us

Куп: Вардар ќе игра против Тиквеш во осминафиналето, а Шкендија Тетово ја доби Шкендија Арачиново

Вардар и Тиквеш ќе се сретнат во осминафиналето на Купот на Македонија. Актуелниот освојувач Тиквеш ќе му гостува на најтрофејниот македонски клуб, а страстите се зовриени по прекинот што неодамна се случи во Кавадарци.


Најлесен ривал доби Шкендија Тетово која ќе ги одмери силите со Шкендија Арачиново.


Шампионот Струга Трим Лум ќе игра против Македонија ЃП, а Гостивар ќе се сретне со Брегалница. Силекс ќе игра против Шкупи.


Натпреварите се играат на 23 октомври 2024 година во 14:00 часот.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛНИ ДВОЈКИ

БРЕРА – БЕСА
ВАРДАР – ТИКВЕШ
ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА
ПЕЛИСТЕР – ДЕТОНИТ
ШКЕНДИЈА (Т) – ШКЕДНИЈА (А)
СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
СИЛЕКС – ШКУПИ 1927
АРЕСИМИ – ВОСКА

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови