Холандскиот стратег Роналд Куман го прекина молкот и изјави дека Хоан Лапорта „работел против него“ откако дошол на чело на клубот. Праша јавно и дали Барселона воопшто сакала да го задржи Лионел Меси на „Камп Ноу“, со оглед дека брзо по неговото заминување доведе засилување вредно 55 милиони евра.
„Лапорта илјада пати ми кажа дека Чави нема да биде тренер, бидејќи немал искуство. Имам впечаток дека од првиот ден новото раководство не ме поддржа. Нема да одам на „Ноу Камп“, не можам да се преправам дека работите се во ред додека овој претседател е на функцијата. Поради раководството морав да се согласам да се продадат некои важни играчи бидејќи економската ситуација беше лоша. Меѓутоа што направија тие, по заминувањето на Меси, донесоа играч за 55 милиони евра“, изјави Роналд Куман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид













