Connect with us

Криза во Црвена Звезда, но клубот му даде поддршка на тренерот Барак Бахар

Кризни денови за српскиот првак Црвена Звезда. „Црвено-белите“ синоќа одиграа само 1-1 против ТЦ Бачка Топола на домашен терен и веќе сериозно заостануваат зад Партизан на табелата. Сепак, раководството му даде доверба на тренерот Барак Бахар, верувајќи дека ќе успее да излезе од оваа ситуација и дека на крајот ќе ја освои шампионската титула.


„Управниот одбор на ФК Црвена Звезда одржа итен состанок и ги анализираше игрите и резултатите во последниот период. Заклучокот е дека евидентно е дека има криза на играта и резултатска криза во последниот два месеци, но дека верува дека играчите и тренерот Барак Бахар ќе и игри во наредниот период да ја надминат актуелната криза и да го покажат својот несомнен квалитет со добри резултати.

По шест последовни титули сакавме нов пробив, сакавме подобра и помодерна европска Црвена Звезда. Доведовме нов тренер, го подмладивме тимот, вложивме многу во играчи и комплетно го обновивме тимот.

Во подготвителниот период изгледаше многу добро, но и тогаш бевме свесни дека ќе има подеми и падови. Го разбираме незадоволството на навивачите и сосема е природно кога Црвена Звезда е во криза. Сепак, за сето ова е потребно време и трпение.

Ние веруваме во нашите играчи, веруваме во нивниот квалитет, веруваме во тренерот Барак Бахар и им даваме целосна поддршка. Освојувањето на шампионската титула останува наша главна цел и уверени сме дека ќе ја оствариме“, се вели во соопштението.

Црвена Звезда в сабота го пречекува Радник Сурдулица во првенството на Србија, а потоа во вторник тимот игра против Лајпциг во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови