
Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо е избран во најлошиот тим на Светското првенство. Неговата репрезентација беше елиминирана во четвртфиналето од Мароко, а Роналдо последните два натпревари ги започна од клупата за резерви, што е преседан во неговата репрезентативна кариера.
Тој постигна само еден гол во Катар, против Гана во групната фаза на натпреварувањето. Овој Мундијал е најверојатно последен во неговата кариера. Кога ќе се одигра следниот натпревар, тој ќе има 41 година. Роналдо останува рекордер по бројот на настапи (196) и постигнати голови (118) за Португалија.
Во најлошиот состав на Светското првенство се избрани: Менди (Сенегал) – Глик (Полска), Дијало (Сенегал), Дест (САД), Бережински (Полска) – Ирвин (Австралија), Ин-Б. Хванг (Јужна Кореја), Варгас (Швајцарија), Леки (Австралија) – Роналдо (Португалија), Лаутаро (Аргентина).
Заедно со Кристијано Роналдо, најпознат играч на оваа листа е Лаутаро Мартинез. Аргентинскиот напаѓач пред првенството беше еден од главните кандидати за „Златната копачка“, но не постигна ниту еден гол или асистенција.
Во првите два натпревари тренерот Лионел Скалони го стартуваше од првата минута, но потоа сепак одлучи младиот Хулијан Алварез да игра од првата минута. Лаутаро пропушти и голема можност во финалето, што за малку Аргентина ќе ја чинеше титула светски првак.
Најлошиот голман во првенството беше Едуард Менди. Иако Сенегал се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, Менди прими седум гола, најмалку по еден на секој натпревар. Не му помогна многу ниту неговиот колега од одбраната Абаду Дијало, играч на Лајпциг кој исто така е во најлошиот состав. Во најлошата одбрана на шампионатот е и полскиот двоец Глик-Бережински, а ги комплетира Американецот Сержињо Дест.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
