Давид Алаба продолжува да биде надвор од терените и не е сигурно кога ќе се врати на теренот, што сериозно ја загрижува управата и тренерскиот тим на Реал Мадрид.
Според информациите на „АС“, клубот е загрижен поради бавното закрепнување на дефанзивецот. Тој претрпе две операции на коленото и е надвор од терените од декември. Се очекуваше австрискиот репрезентативец да започне со трчање по 120 дена, но во неговиот случај поминаа 255 дена, а Алаба сѐ уште не тренира.
Во Реал не сакаат да го форсираат неговото закрепнување и не поставуваат рокови. Најверојатно тој ќе се врати на терените во ноември, но во клубот се плашат дали ќе може да го достигне своето претходно ниво.
Алаба пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ од Баерн Минхен во 2021 година, освојувајќи оттогаш вкупно осум трофеи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













