Connect with us

„Кралевите“ не го сакаат режимот на Чаби Алонсо: „Мисли дека е Гвардиола, но тој е само Чаби!“

Доаѓањето на Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид требаше да донесе свежина, модерни идеи и нова енергија, но изгледа дека почетниот период на адаптација не минува мазно. Резултатите се добри, но очигледно е дека нешто не функционира најдобро.

Според информациите што ги пренесува „Атлетик“, дел од соблекувалната на „кралскиот клуб“ е незадоволен од строгите правила што шпанскиот стратег ги воведе уште од првиот ден.

Алонсо веднаш по доаѓањето почнал со „сечење на лошите навики“ — построги распореди, повеќе работа во теретана, детални видео-анализи и поголема дисциплина кои станале секојдневие. Сепак, таквиот пристап не им легнал најдобро на сите во соблекувалната.

Извор близок до еден од важните играчи открил дека во соблекувалната се слушнале и вакви зборови: „Мисли дека е Гвардиола, но тој е само Чаби!“

Дел од фудбалерите сметаат дека воведените мерки се претерани и дека со новиот режим тренерот покажал недостаток на почит кон ѕвездите кои со години го носат Реал до трофеи.

Од друга страна, Алонсо не отстапува и верува дека токму цврстата дисциплина е клучна за клубот да остане на највисоко ниво и по промената на генерациите.

Искусниот стратег се обидува да изгради култура која потсетува на онаа што самиот ја доживеал како играч под водство на Анчелоти, Гвардиола и Мурињо – само по негов вкус, уште построга.

Дали „шок-терапијата“ на Чаби ќе донесе резултати или ќе предизвика внатрешни потреси во Мадрид, останува да се види. Едно е сигурно: Реал влегува во нова ера, а таа нема да биде нималку лесна.

Алонсо неодамна ја запиша својата прва победа во првото „Ел Класико“ како тренер, совладувајќи ја Барселона со 2-1. Реал во моментов има пет бодови повеќе од големиот ривал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови