Квича Кварацкелија е сè поблиску до заминување од Наполи. Пари Сен Жермен е заинтересиран за доведување на грузискиот напаѓач, а Наполи е подготвен да го продаде за сума од 80 милиони евра. Сепак, се наведува дека ПСЖ не е подготвен да ја плати целата сума и се обидел во договорот да го вклучи Милан Шкрињар, кој не се наоѓа во плановите на Луис Енрике.
Наводи од Италија и Англија укажуваат дека интерес за Кварацкелија покажуваат и Ливерпул и Челси, но ПСЖ останува фаворит за неговиот потпис. Потврдено е и дека играчот ги договорил личните услови со францускиот клуб, а преостанува само договор меѓу клубовите за финализирање на трансферот.
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, призна дека Кварацкелија заминува.
„Разговарав со Квича и тој ми потврди дека сака веднаш да го напушти клубот. Се обидов да го убедам да остане, но тој одлучи да отвори ново поглавје. Сега клубот и неговиот агент ќе најдат решение… Не можам да го задржам ако не сака да остане“, изјави Конте.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













