Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, призна дека неговиот тим не бил на ниво во поразот од Манчестер Јунајтед со 2-0. Тој изјави дека победата на „црвените ѓаволи“ е целосно заслужена.
„Манчестер Јунајтед заслужено победи. Одиграа многу добар натпревар. Во вакви пресметки мораме да играме на повисоко ниво, што не го покажавме и има што да се подобри. Противникот одигра подобро, создаде повеќе и подобри можности од нас. Покажавме желба и посветеност, но нашето ниво на игра не беше доволно добро. Јунајтед ни покажа дека е подобар од нас. Имаат многу добар тим. Во исто време, сепак, мислам дека Тотенхем можеше да направи многу повеќе од она што го покажа. Имавме проблеми со Челси, Арсенал, а сега и со Манчестер Јунајтед“, изјави Конте.
Тотенхем во следното коло го пречекува Њукасл.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи













