Новиот тренер на Милан, Серџо Консеисао, доживеа мешани емоции по брзата победа на Суперкупот на Италија, но синоќешното реми против Калјари (1-1), тим кој се бори за опстанок, донесе разочарување.
Милан поведе во 51. минута преку Алваро Мората, но само четири минути подоцна, Зортеа го израмни резултатот. До крајот на натпреварот, резултатот остана непроменет, па тимовите ги поделија бодовите.
„Очекувам многу повеќе на сите полиња. Ако го споредиме квалитетот на играчите со кои располагам, ова беше најлошото прво полувреме што сум го видел во моите 13 години како тренер, да бидам искрен. Играта беше бавна, ни недостигаше енергија. Калјари се бранеше со сите 11 играчи, што е нивна стратегија, но ние требаше да го примениме она за што се подготвувавме. Не бевме доволно паметни за тоа“, изјави Консеисао.
Тој нагласи дека второто полувреме било подобро.
„Имавме 25 удари кон голот. Калјари започна да одзема време, што разбирам дека е стратегија во Италија. Но, судијата требаше да додаде повеќе од пет минути продолжение. Дури и со осум минути игра не е изговор – требаше да бидеме подобри. Сепак, и овие фактори не можам да ги игнорирам“, истакна португалскиот стратег.
Милан моментно се наоѓа на осмото место во Серија А, а во следното коло ќе гостува кај Комо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барса го загуби и Педри за неколку недели
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Евро-фудбал
Прв гостински триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













