
Португалскиот стратег Жозе Мурињо вечерва може да испише историја, да стане првиот тренер кој ја освоил Лигата на шампионите, Купот на УЕФА, Лигата на Европа и Лигата на конференции.
Тренерот на Рома ќе се обиде да и донесе и на Рома трофеј во Европа по повеќе од половина век.
Иако е победник на веќе заборавениот Саемски куп на градови уште во 1961 година, Рома се уште чека да ја добие својата прва голема европска титула, откако загуби од Ливерпул во финалето на Европскиот куп во 1984 година и од Интер во Купот на УЕФА седум години подоцна.
Рома и овојпат се мачеше да стигне до финалето, губејќи двапати од Бодо Глимт, еднаш во групната фаза, а подоцна и во четврт-финалето, но, сепак, отиде понатаму.
Мурињо не знае за пораз во финале. Тој досега учествуваше во четири финалиња во европските купови и во сите четири излезе како победник.
Но, од друга страна го има Феенорд. Холандскиот клуб исто така може да се пофали со победи во досегашните европски финалиња.
Победите во финалето на Европскиот куп во 1970 година против Селтик и Купот на УЕФА во 1974 и во 2002 година на Феенорд му носат сериозна репутација.
Во Тирана пресметката се вжешти со „војна“ меѓу навивачите, а сериозно настрада и полицијата.
Но, главниот мегдан секако ќе биде тревнатиот терен. Таму, Рома има одредена предност поради угледот што го носи од Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
