
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми заработи повреда на мускулот на вчерашниот меч од квалификациите во Лигата на шампионите меѓу Динамо Загреб и Омонија. Пред крајот на првото полувреме, Адеми падна на теренот без дуел и веднаш беше јасно дека се работи за повреда на мускулот. Мораше да ја напушти играта, на негово место влезе Јосип Мишиќ, а останаа главоболките за тренерот Дамир Крзнар колку долго ќе паузира Адеми.
Истите главоболки ќе ги има и новиот селектор на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски. Во септември националниот тим го очекуваат квалификации за СП против Ерменија, Исланд и против Романија, а во октомври и мечевите против Лихтенштајн и против Германија.
Во текот на утрешниот ден, Аријан Адеми треба да замине на детални лекарски прегледи по што биде јасно за каква повреда станува збор и колкав период ќе треба да паузира.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
