
Фондацијата „Правда за играчите“ од Данска поднесе колективна кривична пријава во име на 100.000 фудбалери, откако пресуда на Европскиот суд на правдата откри сериозно прекршување на работничките и пазарните права.
Имено, тужбата ги опфаќа уште пет фудбалски организации, а фондацијата бара надомест во име на играчите кои можеби изгубиле приход или дел од приходот поради трансфер-политики и регулативи.
Фондацијата издаде соопштение со кое ги повикува сите фудбалери и фудбалерки кои играле во Европската унија или Обединетото Кралство од 2002 година наваму да се приклучат на колективната тужба.
Основата за покренување на постапката фондацијата ја гледа во минатогодишната пресуда на Европскиот суд на правдата во случајот на поранешниот играч на Реал Мадрид, Ласана Диара.
Според пресудата, ФИФА со години го прекршувала Законот за конкуренција на Европската унија, како и правото на слободно движење на работниците. Случајот започнал кога Диара сакал да го раскине договорот со Локомотив Москва и да премине во Шарлроа, но според тогашните правила, ФИФА имала можност да го спречи тој трансфер.
Европскиот суд на правдата ги прогласи правилата на ФИФА за незаконски бидејќи ги ограничуваат играчите да ги раскинат договорите без оправдана причина, што директно ги крши основните права на пазарот на труд во ЕУ.
Од фондацијата велат дека со оваа тужба се борат за правата на играчите кои биле оштетени и им биле скратени приходи поради рестриктивните правила на ФИФА за раскинување договори и трансфери.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ал-Хилал се договори со Ливерпул за Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Родриго е сѐ поблиску до разделба со Реал Мадрид

Прва лига
МВР, со „Илирида“, што правиме? (ВИДЕО)

Интернационалци
Игор Ангеловски ќе биде тренер на Приштина?

Прва лига
МВР, со „Илирида“, што правиме? (ВИДЕО)
