Connect with us

Коларов става крај на кариерата?

Српскиот фудбалер и поранешен капитен на српската фудбалска репрезентација, Александар Коларов е блиску до важна одлука во врска со неговата кариера. Како што пренесуваат италијанските медиуми, искусниот лев бек е на прагот да стави крај на својата играчка кариера.


Главната причина за евентуалната одлука на Коларов да ја заврши професионалната кариера е повредата на грбот, како и операцијата на која беше подложен минатата година.

Коларов настапуваше во Лацио, Манчестер Сити, Рома, а на почетокот на кариерата во Србија настапуваше за Чукарички и за ОФК Београд. Српските медиуми најавуваа дека тој можеби ќе биде ново засилување за Црвена Звезда, но очигледно дека Коларов сериозно размислува за крај на кариерата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови