
Европското првенство започнува утре со натпревар меѓу Италија и Турција, а според обложувалниците прв фаворит за титулата е светскиот шампион Франција.
Коефициентот Франција да ја освои титулата е 5,00, по што следат Англија и Белгија. Поранешните англиски фудбалери Рио Фердинанд, Алан Ширер и Гери Линекер се убедени дека Французите ќе станат и европски шампиони.
„Франција победува. Тие имаат талентирани играчи на сите позиции”, изјави Ширер за „Би-Би-Си“, а Фердинанд се согласи.
„Французите имаат најширок и најквалитетен тим, затоа тие ми се омилени.
Слично размислува и Линекер.
„Тешко е да се именува некој друг … Французите го загубија финалето пред пет години, а потоа го освоија Светското првенство и го вратија Карим Бензема. Тие се уште напредуваат, имаат многу млади одлични играчи и се омилени“, изјави Линекер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal