 
																												
														
														
													Вардар синоќа го победи Пелистер со 1-0 во вечното дерби, во првиот меч на домашен терен враќајќи се на арената „Тодор Проески“ по подолг период. Но, во најтрофејниот клуб секогаш е турбулентно, па денеска шефот на стручниот штаб Горазд Михајлов поднесе оставка. Разделбата е спогодбена, како што е наведено, од приватни причини.
Сега веднаш се наметнува прашањето, кој ќе биде новиот тренер на Вардар. Опции има неколку, а најблиску до клупата се три имиња. Тоа се Гоце Седлоски, Чедомир Јаневски и Срѓан Захариевски.
Седлоски е без ангажман откако си замина од Работнички, а работеше во најтрофејниот клуб во оние „златни времиња“. Беше и спортски директор, потоа се симна и на клупата. Тој е познат како тренер со цврста рака, кој умее да освојува титули.
Чедомир Јаневски беше тренер на Вардар во периодот кога тимот се избори за настап во групната фаза од Лигата на Европа. Дали е реално да се врати во овој момент, тоа е прашање за дискусија, посебно што тимот вооошто не е истиот од тоа време. Сега Вардар, реално, не располага со толку квалитетен тим.
Третата опција е Срѓан Захариевски. Тој повторно е слободен, а имаше одлични резултати со Струга Трим Лум, па дури и со Воска Спорт, со кој стигна и до финалето на Купот минатата сезона.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Мбапе ја доби „Златната копачка на Европа“
 
																					Евро-фудбал
Марк Гехи е пред трансфер во Реал Мадрид
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														