Силекс и Струга Трим Лум одиграа меч без голови во Кратово. Не можеа фудбалерите да сторат ништо повеќе со оглед дека за ваков „меч“ им требаа и некои други способности, пред се пливачки.
Натпреварот наликуваше на се само не на фудбалски дуел и големо прашање е како воопшто официјалните лица дозволија да се одигра меч на вакви услови. Главен судија на натпреварот беше Крумислав Ѓоргиев од Штип, а делегатската улога ја вршеше Тони Шалев од Кавадарци.
Силекс имаше шанса да постигне гол од пенал. Сепак, водените услови влијаеја Денис Ристов да се лизне при моментот на шутот и топката ја испрати високо над голот. Најголемата добивка од овој меч е што актерите на двете екипи поминаа без сериозни повреди. Официјалните лица секако ќе треба добро да објаснат – зошто воопшто беше дозволено да се игра „ватерполо“ во Кратово?!
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Брозовиќ ќе го засили Бешикташ?
Евро-фудбал
Србија доживеа дебакл против Мексико (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Оливер Гласнер ќе биде нов тренер на Милан













